Posts

Showing posts from August, 2022

Упатсво за преселување од Македонија (Трет дел)

Image
  Ги добивме визите, а кај ќе живееме? Стан под наем во Марибор Наоѓање на соодветен стан под наем е тешка и макотрпна работа во нормални услови и со физичко присуство, со ограничувањата за пандемијата, беше десет пати потешко. Не можевме да дојдеме во Словенија и лично погледнеме што се нуди, па моравме да се ослониме на проценката на наши пријатели да ги разгледаат становите што ги ставивме во потесен избор. Засекогаш ќе им бидеме благодарни за помошта. И покрај тоа, моравме да ги договараме огледите преку телефон од Македонија, што беше многу тешко не знаејќи словенечки јазик. И во моменти кога ќе успеевме да се разбереме, многу често добивавме одговор: Не го издаваме станот на странци. Гледано ретроспективно, сега разбирам и зошто, ама тоа е тема за нареден блог пост. Бевме притиснати од повеќе страни, од една страна по правила на визата, моравме најдоцна до 8 дена од добивањето на визата да влеземе во Словенија, од друга страна фирмата што не вработуваше, веќе не чекаше седум месе