Posts

Showing posts from May, 2023

Упатство за преселување во Словенија (Четврт дел)

Image
  Јазикот За словенцките работи Не сум лингвист, ниту експерт за словенечки јазик, немам намера да деградирам или омаловажувам одреден јазик или луѓе што го користат истиот . Немам никави претензии ниту предрасуди за тоа кој или како стигнал до тоа што денес се користи за комуникација. Сметам дека јазикот е алатка која се развива за потребите на корисниците и е жива материја која еволуира заедно со времето, новините во општеството, како и географските и политичките околности на населението.  Единствената цел ми е да документирам како јас/ние го доживуваме учењето и секојдневната употреба на словенечкиот јазик , споредено со нашиот македонски јазик и споредено со останатите јазици што веќе ги познававме до одредена мера како англиски, шпански, српски итн.  Добро, штом го расчистивме тоа, сега да си кажам што ми лежи на срце. Словенечкиот јазик, иако навидум релативно лесен, најмногу поради заедничките зборови што ги има со македонскиот јазик, во стварност семантиката на говорењето го п