Упатство за емиграција од Македонија во Корона (Втор дел)
Поглавје Два Планот Фебруари 2020 година. Сите документи стокмени, за да стигнат побрзо ги испраќам со авионска пошта до фирмата што не вработува, па истите да бидат предадени в општина, што поскоро да добиеме работни визи и да започнеме преселба. Планот е да заврши поголемото дете со тековната учебна година и да заминеме. Помалото во тој момент е сеуште во градинка, фала богу немаме свиделства за неа. Ни кажаа дека за визите се потребни приближно два месеци за да ги добиеме, па си оставив и малку простор во случај да ми фали некој документ, пошто нели: „две недели“ за било каква исправка или нов документ. Така да очекував до крајот на Мај 2020 да ги имаме сите предиспозиции за старт од Македонија. Планот беше да се отселиме пополека преку летото, да бидеме порелаксирани, настрана од училишни обврски, децата да се аклиматизираат со новите другари пред зграда, со тоа би се привикнале на новиот менталитет и локални обичаи. Нам возрасните исто ни требаше некое време да г...