Образовниот систем во Словенија (Шести дел)
Во моето пошироко семејство имаме повеќе просветни работници, дури и јас за еден краток период работев во образование, па со тоа веќе знаев што се случува и како отприлика работи ситемот во Македонија. Иако поголемиот дел од моето образование го поминав во пост југословенска Македонија, можев некако да си направам паралела како беше и како е сега. Меѓутоа додека не почнаа моите деца да одат на училиште ме немаше удрено реалноста в глава за да сфатам до каде стигнале работите. На последниот родителски состанок, покрај вообичаените проблеми со незауздани насилни соученици и немање основни услови за настава како креди, печатач, тоалетна хартија и сапун (пред короната, подоцна им даде министрството малку сапун, мораа) училиштето побара од нас родителите да собереме пари за да купиме ролетни за училницата. Ова е факт, како јас го перцепирав барањето е мое лично гледиште, како им ја продадоа идејата на останатите родители е приказна за другпат, можеби јас грешам... ролетните се н...